Ова не се гледа секој ден: Судија нокаутираше тренер на кошаркарски натпревар (видео)

Неверојатeн инцидент одбележа еден натпревар меѓу средни училишта во Калифорнија, откако судијата Брендон Кнапер е уапсен откако го нокаутираше тренерот на гостинската екипа, Роб Александер.

На инцидентот му претходеше караница меѓу судијата и тренерот, кога Кнапер ги шокираше сите, со еден удар нокаутирајќи го гостинскиот стратег, а потоа продолжувајќи да го тепа додека овој лежеше крај клупата.

Мечот бил прекинат, повредениот тренер пренесен во болница, а насилниот судија е задржан во притвор и на 3 ноември ќе почне судскиот процес против него.

Се вчитува...