Озил ќе се жени, а свадбата ќе ја прослави со плаќање операции за 1.000 деца

Германскиот интернационалец Месут Озил ќе се венча со својата долгогодишна девојка Амин Ѓулзе, а по тој повод на социјланите мрежи соопшти како парот ќе го прослави стапувањето во брак.

Тој напиша дека заедно со својата идна жена ќе платат операција на 1.000 деца во светот. Исто така тој ги повика и останатите кои што се во можност да му се придружат како би се зголемил бројот од 1.000.

Операциите ќе бидат под организација на „Биг-шу“ компанија која работи со германските и шведските доктори кои им помагаат на децата ширум светот за нов почеток.

 

Се вчитува...