Падна договор: Гарначо е нов играч на Челси

Седумгодишен договор и отштета од 40 милиони фунти. Ова се деталите на трансферот на Алехандро Гарначо, кој треба во следните часови да биде промовиран за нов играч на Челси.

Манчестер Јунајтед даде зелено светло, па така и официјално Аргентинецот ќе стане нов играч на Челси, и со тоа ќе заврши неговата сага.

21-годишниот Гарначо самиот бараше да биде продаден во Челси, откако не сакаше повеќе да настапува за Манчестер Јунајтед, каде мина пет години, најпрво во младинските категории, а потоа од 2022 година и во сениорска конкуренција.

Се вчитува...