Падна договор, Гонзало Игуаин доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин се сели во Челси како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна година. Челси успеа да постигне договор со Јувентус. Напаѓачот досега настапуваше во Милан исто така како позајмен фудбалер.

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Маурицио Сари конечно успеа да го доведе Игуаин на „Стемфорд бриџ“. Тој со него имаше одлична соработка и во Наполи, каде Аргентинецот блескаше на голгетерски план, постигнувајќи 36 гола на 35 натпревари.

Челси му го понуди Мичи Батшуаи на Милан, меѓутоа фудбалерот преферира да замине во редовите на Монако.

 

Се вчитува...