Доминик Ливаковиќ ќе стане нов член на Барселона откако каталонскиот гигант го договори трансферот на хрватскиот голман со раководството на Фенербахче.
Во Фенер не сметаа сериозно на Ливаковиќ кој разгледуваше неколку понуди, а каталонците ја искористија неговата намалена вредност на пазарот, ангажирајќи го хрватскиот репрезентативец за скромни два милиони евра.
Барса ги има Гарсија и Шчесни како голмански тандем за следната сезона, па планот за Хрватот е тој да замине на позајмица сезонава. Потоа, штом полскиот ветеран во 2027 ќе се врати во пензија, Ливаковиќ ќе дојде назад во Барса како резервна опција за стартерот Жоан Гарсија.
Динамо Загреб е клубот кој делува најзагреано да го доведе Ливаковиќ на едногодишна позајмица, но останува да се види дали преговорите меѓу хрватскиот и шпанскиот шампион на оваа тема ќе завршат успешно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
