Пакиао победи и не издржа: Донесете ми го тој Мејведер во ринг!

Филипинскиот боксер, Мани Пакиао ја задржа светската ВБА титула во велтер категорија откако со едногласна одлука на судиите, на поени победи во борбата со предизвикувачот, Адриен Бронер.

Во 70-та борба во кариерата, прва откако наполни 40 години, стигна до 61-та победа од кои 39 со нокаут. И не се откажува. Сака и натаму да се бори…

„Господ ми подарил здравје и затоа можам да се борам и со 40 години. Можев да бидам и поагресивен, но ме советуваа да чекам на контра“ – истакна по мечот Пакиао, кој не можеше да издржи а да не го прозива Мејведер.

„Кажете му да се врати во ринг и да се бориме. Подготвен сум и сакам повторно да се борам против него, ако тој е подготвен да се врати на боксот“ – рече Пакиао, кој загуби од Мејведер во 2015 година.

Се вчитува...