Панче Стојанов повеќе не е тренер на Беласица откако струмичиот прволигаш доцна синоќа објави дека е постигната спогобна за разделба со досегашниот шеф на стручниот штаб.
Стојановк пристигна на клупата на струмичани во октомври минатата година, но раководството на Беласица на крајот сепак се реши со нов тренер да влезе во наредната сезона.
„ФК Беласица АД сака искрено да му се заблагодари на Панче Стојанов за неговиот ангажман, посветеност и труд во нашиот клуб. Во периодот поминат со нас како шеф на стручен штаб, тој остави трага со својата работа, професионалност и однос кон екипата. Му посакуваме многу среќа, здравје и успеси во понатамошната кариера“, објави ФК Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
