Најдобриот македонски фудбалер на минатиот век, Дарко Панчев го минува времето во изолација како и поголемиот дел граѓани во земјава. Дисциплинирано, со почитување на мерките, во борба против коронавирусот.
„Малку се досадувам, малку гледам телевизија. Воглавно сум со семејството, со децата кои се понервозни од нас постарите. Засега сме дисциплинирани, мора да бидеме такви почитувајќи ги препораките на надлежните. Мора да ги почитуваме препораките и правилата. Стручните лица велат дека тоа е најдобрата превенција, токму изолацијата, па јас тоа го почитувам во целина. Верувам дека со дисциплина може да го победиме ова што не снајде“ – вели Панчев во интервјуто за официјалната интернет-страница на Црвена Звезда.
Панчев потенцира дека Македонија ситуацијата е во ред во моментов, без многу заболени и со сериозно преземени мерки од надлежните.
„Гледајќи ја целокупната ситуацијата во Европа, посебно во Италија, Шпанија, Германија, како и САД, ние немаме голем број заразени. Доколку бидеме тим, бидеме дисциплинирани, можеме за некој месец да ја добиеме оваа битка, која сепак не е така наивна. За жал, луѓе умираат, мора да овозможиме на себе и своите најблиски да не дојдеме до опасната зараза. Ние кои во она време на заедничката држава бевме во војска, навикнати сме некогаш на вакви карантини. Не ни паѓа толку тешко, како и на професионалните фудбалери кои понекогаш по цела една недела се во карантин. Некои не се навикнати, но сите мора да издржиме“ – вели македонската фудбалска легенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА