Пандев без минутажа, Џенова ремизираше со Болоња

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев остана само на клупата за резервни фудбалери во ремито (1-1) на Џенова на гостувањето против Болоња во 23. коло од Серија А.

Домашните поведоа со погодокот на Дестро уште во 17. минута од средбата, а Џенова израмни со погодокот на Лерагер во 33. минута.

Џенова по 23 одиграни натпревари е на 13. место во италијанскиот шампионат со 15 досега освоени бода.

Се вчитува...