Пандев: ХЕРОИ, Македонија е горда на вас

Екс капитенот на националниот тим и фудбалерот со најмногу настапи во репрезентацијата Горан Пандев, испрати порака по мечот со Португалија, кој го загубивме со 2-0 и не обезбедивме пласман на Мундијалот во Катар.

„ХЕРОИ, Македонија е горда на вас“, беше пораката од Горан Пандев на социјалните мрежи.

Сите поранешни и сегашни играчи испраќаат пораки дека се горди на играчите за успехот кој го направија, односно откако беа на чекор до историски пласман на Светско првенство.

Се вчитува...