Горан Пандев е прво име на листата на суспендирани играчи во пресрет на новото коло од Калчо-лигата што денеска го објави Дисциплинската Комисија при Серија А.
Македонскиот капитен ќе мора да одмори еден натпревар откако собра четири жолти картони во шампионатот, последниот добивајќи го минатото коло против Специја. Ова значи дека Пандев ќе го пропушти дуелот со својот поранешен клуб Лацио, на кој римскиот тим исто така ќе биде ослабен поради неиграњето на суспендираниот Ачерби.
Покрај Пандев и Ачерби, казни од по еден натпревар неиграње заработија и Шоутен (Болоња), Марин (Калјари), Верди и Мандрагора (Торино), Мусо (Удинезе) и Чекерини (Верона).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА