Пандев: Ќе оставиме срце на терен, победа над Сампдорија значи и спас

Горан Пандев ги предупреди соиграчите од Џенова дека не смее да дојде до опуштање по големиот триумф над Лече. Тимот на Македонецот сега има четири бода предност во трката за опстанок, но Пандев го потенцираше денешниот дуел со Сампдорија како клучен за да се запечати останувањето во елитното италијанско фудбалско друштво.

„Пред нас се уште четири натпревари, почнувајќи од денешното дерби со Сампдорија. Досега како член на Џенова ја немам победено Сампдорија, но се надевам дека тоа ќе се случи денеска. Можам да ветам дека ќе оставиме срце на терен, нема да се предадеме со последната минута, верувам дека ваквиот пристап ќе ни донесе резултат. Сампдорија е сигурна и ќе игра без притисок, но за нас добриот резултат на ова градско дерби е императив“, истакна Пандев.

Македонскиот репрезентативец е најдобар стрелец сезонава во дресот на Џенова, постигнувајќи девет погодоци.

Се вчитува...