Пандев открива непознати детали: Требаше да заминам во Грција пред да потпишам за Интер

Горан Пандев, ветеран кој блеска во настапите во дресот на Џенова во Калчо-лигата, додека на репрезентативен план токму на залезот на кариерата го оствари најголемиот успех – пласман со Македонија на ЕВРО 2020.

Македонскиот голгетер е актуелен во европската фудбалска јавност, а во интервју за грчкиот весник „Газета“ нашиот капитен откри и досега непознати дуели, дека пред да ја почне авантурата во Италија тој бил многу блиску до преселба во клуб од јужниот сосед.

„Пред да се случи да заминам во Италија, бев многу блиску до трансфер во Олимпијакос. Речиси се беше договорено, но претседателот на мојот тогашен клуб го упропасти трансферот. Можност за преселба во Грција имаше и пред неколку години, кога челниците на ПАОК беа загреани да ме доведат, но моето смејтво се чувствуваше добро во Италија и решивме да останеме“, открива Пандев за „Газета“.

Тој се осврна и на феноменалната игра и победата над Германија, во последниот одигран квалификациски меч за СП 2022.

„Таа ноќ, тој натпревар во Дуизбург, тоа е историја за македонскиот фудбал. Да бидам искрен, еве минаа две седмици од тој натпревар, јас се уште не можам да поверувам дека направивме такво чудо, да ја победиме Германија, која 20 години немаше загубено дуел од квалификациите за СП“, гордо изјавува Горан Пандев.

Се вчитува...