Пандев прв со поддршка за Несторовски: Ќе се вратиш уште посилен! (ФОТО)

Илија Несторовски дефинитивно нема да може да настапи за Македонија на претстојниот европски шампионат откако беше обелоденето дека повредата што нашиот голгетер ја заработи на еден од последните тренинзи на Удинезе е од посериозен карактер.

Несторовски утрово замина на специјалистички преглед на лигаментите на коленото во Рим, но од италијанската метропола стигнуваат лоши вести – Македонецот ќе мора што поскоро да биде опериран. Најавите се дека уште денеска ќе замине „под нож“, а потоа ќе следи и повеќемесечна пауза од терените.

Прв со поддршка за Несторовски се јави капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, кој преку социјалните мрежи искажа безрезервна поддршка за соиграчот од нападот.

„Форца брат мој. Те познавам долги години и убеден сум дека ќе се вратиш посилен“ – напиша Пандев на својот Инстаграм профил.

 

Се вчитува...