Пандев се премислува, ќе игра уште една година?!

Горан Пандев би продолжил со активното играње фудбал уште една година, откако во последниот период интензивно разговара со управата на Џенова за потпишување на нов договор со овој клуб. Влијателниот италијански весник „Газета дело спорт“ тврди дека преговорите се интеизивирале во изминатите денови, а кај раководството на италијанскиот клуб владее оптимизам дека Пандев на крајот ќе потпише нов едногодишен договор.

„Гранде Пандев“ досега во неколку ситуации повторуваше дека настапот за Македонија на ЕВРО 2020 ќе биде негова последна фудбалска авантура, но сега лесно може да се случи тој уште една година да го носи дресот на Џенова. Претседателот Пречиози и претходно истакнуваше дека сака да го задржи Пандев, да му понуди договор Македонецот да ја продолжи кариерата. Нашиот голгетер во изминатите месеци стигна до бројката од 100 постигнати гола во Серија А, а фактот дека се уште доминира на терените дава оптимизам дека Пандев би можел да ја промени својата одлука.

Се очекува конечната одлука да биде донесена најдоцна до крајот на месецот, по што ќе биде јасно дали Пандев на ЕВРО 2020 ќе ја заврши својата блескава кариера, или ќе игра уште една сезона во Калчо-лигата.

Се вчитува...