Пандев во последен момент отпадна за мечот со Рома на „Олимпико“

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев во последен момент отпадна од составот на Џенова за пресметката против Рома на „Олимпико“ во Серија А која почнува од 12:30 часот.

Како што пренесуваат Италијанците, поради мала повреда Пандев нема да може да биде на располагање на тренерот Давиде Балардини, кој за дуелот во Рим нема да може да смета и на голманот Матија Перин.

Пандев поради повреда пропушти четири меча на почетокот од оваа година, потоа добивајќи и помала минутажа во составот на Џенова. Досега има три гола во Серија А сезонава во дресот на џеновјаните.

Се вчитува...