Пандев: Време беше Интер да стане шампион на Италија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев ја честиташе титулата шампион на Италија на неговиот поранешен клуб Интер.

„Честитки до Интер. Време беше да ја освојат титулата. Тие го заслужиај тоа и ги израдуваа навивачите“, изјави Пандев. 

Интер последен пат титулата во Италија ја освои во сезоната 2009/2010 период во кој дел од „нероаѕурите“ беше и најдобриот фудбалер на Македонија.

 

Се вчитува...