„Пандевци“ го промовираа Радески (ФОТО)

Академија Пандев и официјално го промовираше Марјан Радески, најголемото засилување за новата натпреварувачка сезона.

25-годишниот македонски репрезентативец денеска потпиша договор со струмичани, веднаш приклучувајќи се на подготовките за новата сезона.

„Еден од најдобрите напаѓачи во нашата лига кој подеднакво добро игра и на крилните позиции доаѓа како големо засилување за нашиот тим“ – информираа од Академија Пандев по потпишувањето на договорот со довчерашниот фудбалер на Шкендија.

Радески претходно во кариерата има настапувано и за екипите на Металург и 11 Октомври од Прилеп.

Се вчитува...