Нема крај на лошите вести за Серхио Рамос

Серхио Рамос едвај поврза два натпревари во втората половина од сезоната поради повреда на коленото, а сега дозна и нови лоши вести. Сепак, за капитенот на Реал Мадрид се чини дека нема крај на малерите бидејќи утрово беше потврдено дека тој е позитивен на коронавирус.

Рамос беше опериран на коленото во јануари и се врати на теренот пред неколку недели, но повторно се повреди за време на мечот за репрезентацијата на Шпанија и се очекува да се врати на терените на крајот на овој месец.

Рамос е веќе во изолација и што е најважно се чувствува добро и нема никакви симптоми. За капитенот, повредата и коронавирусот се случија во најлош период кога тој треба да одлучи за својата иднина, односно да донесе одлука дали да остане или да ги напушти „Кралевите“ на крајот од сезоната.

Се вчитува...