Шпанскиот прволигаш Реал Бетис пред помалку од месец дена го донесе искусниот чилеански стратег Мануел Пелегрини. Тој стигна на „Бенито Виламарин“ на почетокот на јули, но веќе сега би можел да го напушти клубот.
Наводно Чилеанецот добил понуда од Кина која му ветува астрономска заработка, доколку ја прифати. Името на клубот се уште не е познато, но заминувањето во Кина за Пелегрини нема да биде новитет бидејќи веќе го водеше Хебеи.
Шпанските медиуми пренесуваат дека во Бетис има сериозна загриженост, па клубот веќе тргнал по неговата можна замена, Џорди Кројф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА