Паника во Париз: Уште еден играч на ПСЖ бил мета на разбојници за време на натпреварот со Нант

Натпреварот во првенството на Францускиот шампионат помеѓу ПСЖ и Нант (1-2) беше обележан со веста дека Анхел ди Марија дознал за страотна драма во неговиот дом за време на натпреварот. Имено, додека Аргентинецот беше во игра, разбојници влегле во неговиот дом и го држеле неговото семејство во заложништво. Тие, наводно, биле многу насилни, а на Ди Марија веста му ја соопшти тренерот Маурисио Покетино откако го извади од игра.

Ситуацијата подоцна беше решена и никој од членовите на семејството не беше повреден, но шокот сепак беше многу голем. Сепак, Ди Марија не била единствената цел. Француските медиуми објавија дека провалниците истовремено упаднале и во домот на неговиот соиграч, Маркињос, а и во овој случај како заложници биле држани неговите родители.

Деталите за овие киднапирања сè уште не се познати, но полицијата истражува сè. Инаку, ова не е прв пат играчите на ПСЖ да бидат нападнати од разбојници. Тијаго Силва, Ерик Максим Чопо Мотинг и Серхио Рико исто така биле жртви на провала во изминатата година и половина.

Се вчитува...