Панучи ја мерка работата на Ди Франческо

Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо е под голем притисок да го елиминира Порто и да го продолжи патот на „волчицата“ во Лигата на шампионите или би можел да добие отказ. Неговото место го мерка Кристијан Панучи, поранешниот фудбалер на клубот кој на „Олимпико“ играше од 2001 до 2009 година, а сега е селектор на Албанија.

Рома минатата сезона беше дел од четвртфиналето на Лигата на шампионите и само повторување на овој резултат би му гарантирал на Ди Франческо мирна работа до крајот на сезоната. По првиот меч Рома има предност од 2-1 против Порто.

Претходно во комбинација за тренерското место во Рома беше споменуван и Маурицио Сари, кој најдоцна до крајот на сезонава би требало да си замине од Челси.

Се вчитува...