ПАО го слави Растодер: Среќен за голот, но требаше да дадам уште еден

Елмин Растодер е херојот на Панатинаикос откако македонскиот репрезентативец го постигна клучниот гол за пласман во следната фаза од квалификациите за Конференциската лига, за реми од 2-2 на реваншот со Пакси.

Нашиот голгетер влезе во игра кон средината на второто полувреме, а на пет минути до крајот одлично се снајде и стрелаше прецизно за 2-2, гол што го одведе ПАО во следната рунда.

„Секако, голот ми донесе огромна радост, ова беше мој прв погодок на домашен терен, пред нашите верни навивачи и чувството беше фантастично. Искрено, требаше да дадам уште еден, имав убава шанса за такво нешто, дефинитивно ќе беше поубаво чувството ако дадев два гола и победевме. Сепак, најважно е што се пласиравме понатаму, а свесни сме дека можеме да играме многу побро. Не реализиравме многу шанси во првото полувреме, а головите ги примивме по наши грешки. Имаме простор за напредок од секој аспект“, истакна Растодер по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...