Управниот одбор на Реал Мадрид, на денешниот состанок во четврток, 11 јуни, под претседателство на Флорентино Перез, се согласи да го именува Неговата Светост Папата Лав XIV за почесен член на Реал Мадрид.
Со тоа Папата доби највисоко признание од страна на најтрофејниот европски клуб.
„Неговата посета на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на 8 јуни 2026 година беше чест за Реал Мадрид и засекогаш ќе остане една од највозбудливите слики во нашата историја“, стои во објавата на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
