Пари Сен Жермен му понудил договор на Лео Меси

Францускиот првак Пари Сен Жермен се обидува со сите сили да го доведе Лионел Меси во своите редови. Договорот на Лео со Барселона му истекува на лето, а новиот претседател Жоан Лапорта има јасен цел да го продолжи неговиот договор, но ќе има жестока конкуренција.

Шпанскиот Мундо депортиво наведува дека ПСЖ веќе го контактирал Меси и му понудил договор за соработка. Наводно, Лео од раководството на францускиот тим на маса има двогодишен договор со опција за негово продолжување за уште една сезона.

 

Се вчитува...