Париската полиција се извини за користењето на солзавец против навивачите пред финалето на ЛШ

Шефот на француската полиција Дидие Лалемен призна дека одржувањето на ред и мир околку „Стад де Франс“ пред почетокот на финалето од Лигата на Шампионите било неуспех и истовремено се извини за користењето на солзавец против навивачите кои се обидуваа да влезат на стадионот.

Притоа тој изјави и дека тоа е голем неуспех и рушење на угледот на Франција, но и дека едноставно немало друг избор.

„Очигледно дека тоа беше голем неуспех. Тоа беше неуспех бидејќи луѓето беа буткани и нападнати. Тоа е и неуспех бидејќи се наруши угледот на Франција. Жал ми е за употребата на солзавец за разбивање на навивачите од „Стад де Франс“ пред натпреварот, но едноставно немаше друг избор“, изјави Лалемен.

Како потсетувње, поради нередите почетокот на финалето доцнеше повеќе од половина час, а епилогот од инцидентот беше повеќе од 105 уапсени лица и повеќе од 235 повредени.

Се вчитува...