Парма го зеде скалпот на Наполи

Парма стави крај на низата без победа, а успеа да слави против Наполи на Елиф Елмас со 2-1. Интересно е дека сите три гола на натпреварот беа постигнати од белата точка.

Џанлука Капрари ја доведе Парма во водство во 45.минута, а израмни Лоренцо Инсиње во 54.минута. Третиот пенал повторно беше за Парма, а успешен реализатор беше Дејан Кулушевски во 87.минута.

Елиф Елмас на овој меч влезе во игра во 65.минута на местото на Бразилецот Алан.

Се вчитува...