Партизан избра клупска легенда за нов тренер

Во фудбалскиот клуб Партизан никогаш не е здодевно, кризата во управата кулминираше со заминувањето на потпретседателот Предраг Мијатовиќ, а следен на излезната врата е тренерот Срѓан Благојевиќ. Според информациите од нашиот северен сосед, главен фаворит за нов тренер а клупската легенда Саша Илиќ.

За потсетување, Благојевиќ беше избркан пред крајот на првата полусезона, потоа управата ја призна грешката и неколку месеци подоцна го врати на клупата, но штетата беше направена, па „црно-белите“ убедливо ја загубија трката за титулата иако на половина од шампионатот имаа и предност во однос на Црвена Звезда.

Благојевиќ е разочаран од недовербата укажан кон него и е подготвен да ја прифати понудата на Акрон, рускиот клуб ќе плати и оштета за српскиот стратег, па Партизан веќе подготви и ново тренерско име. Станува збор за поранешниот капитен на „црно-белите“, Саша Илиќ, кој начелно ги договорил условите за камбек во клубот каде доживеа блескави моменти како играч.

Значаен фактор во преговорите бил спортскиот директор Данко Лазовиќ со кого Илиќ добро се познава од играчките денови, од кого добил и гаранции дека ќе го добие неопходното време и трпение со оглед на големите финансиски проблеми кои најверојатно повторно ќе го лимитираат играчкиот ростер на белградскиот клуб.

Илиќ ја мина ланската сезона на клупата на Сумгајт во Азербејџан, а претходно работеше и во Русија, Грција и Бугарија. Последен ангажман во српскиот фудбал му беше на клупата на Чукарички во сезоната 2021/22.

Се вчитува...