Паспаљ револтиран: Гледаш некој ‘кретен’ како сам уредува запуштено игралиште и коментираш дека тоа го прави од корист

Прославениот југословенски и српски кошаркар Жарко Паспаљ повторно стана миленик на регионот по одлуката за преуредување на запуштеното заедничко кошаркарско игралиште во Белград. Но, низ сето тоа Паспаљ е повеќе од револтиран од недостатокот на солидарност во општеството…

„Може ние постојано да зборуваме дека виновни се политичарите или виновна е државата, но добро е да се запрашаме што правиме и ние самите. Ми беше мене тешко кога секое утро станував од 6 часот да го средувам целиот двор, смислувајќи постојано нови идеи како сето тоа убаво да изгледа. И секогаш во очекување дека ќе дојде уште некој да ми помогне. Но, не дојде“ – вели Паспаљ и дополнува:

„И тогаш си викаш па добро што се случува со луѓето. Знаеш дека те гледаат, ете го некој кретен кој имал четири инфаркти и шлог како сам работи во заедничкиот двор. И веројатно си велиш на самиот себе сето тоа го работи затоа што има некоја корист. Ете такво е нашето соседство, такви сме ние, такво е нашето општество“.

Се вчитува...