Патрик Беверли Солун го менува за Франција

Патрик Беверли би можел да го напушти ПАОК по краток, но многу успешен престој во Солун. Според информациите на францускиот новинар Габриел Пантел-Жуве, поранешниот НБА-кошаркар преговара со Булазак, клуб од највисокиот ранг на француската кошарка.

Искусниот, 38-годишен плејмејкер во дресот на ПАОК покажа дека се уште може да игра на високо ниво, особено во европската кошарка. На 11 натпревари во грчкото првенство, Беверли имаше просек од 10,2 поени, 5,4 скока и 5,4 асистенции, поминувајќи околу 25 минути на теренот.

Во Еврокупот одигра девет натпревари и оствари учинок од 9,3 поени, четири скока и 3,3 асистенции. Американскиот бек сега би можел да ја промени средината и да ја продолжи кариерата во Франција, доколку преговорите со Булазак завршат успешно.

Се вчитува...