Патрис Евра ја заврши кариерата

Францускиот ас Патрис Евра стави крај на фудбалската кариера. Тој најави дека во иднина сака да продолжи во тренерскиот занает.

„Мојата фудбалска кариера е официјално завршена. Сакам да продолжам како тренер. Почнав да посетувам курс за УЕФА Б лиценца во 2013 година, сега мојот план е да ја добијам и А лиценцата. За една и пол година, ако се биде в ред, ќе бидам подготвен да водам тим“, изјави Патрис Евра.

Тој во периодот од 2006 до 2014 година го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, потоа три сезони беше во Јувентус, а кариерата ја финишираше во Олимпик Марсеј и во Вест Хем. За фудбалската репрезентација на Франција одигра 81 натпревар.

Се вчитува...