Пауновиќ по фијаското: Ајде да не креваме паника…

Српската јавност со неверување го прифати изданието на фудбалската репрезентација и убедливиот пораз од 3-0 од Зеленортските острови претрпен на пријателскиот меч во Лисабон.

Селекторот Вељко Пауновиќ за првпат се соочи со притисок и критики, без оглед на фактот што настапи без голем дел стандардни првотимци, српскиот кормилар ја призна немоќта на својот тим, но истовремено и порача дека нема причина за кревање паника.

„Ова беше натпревар за заборав, многу болен резултат за нас. Во второто полувреме почнавме да играме пдообро, создававме шанси, а потоа се случи да примиме два гола… Што се однесува до пожртвуваноста, момците беа извонредни, дадоа се од себе. Сепак, со оваа група мора да се работи на воигрување, на зрлост и на тактичка дисциплина. Не треба да се крева паника само поради еден пораз, мораме да гледаме напред…Ова е месец на крај на сезона, тежок период за репрезентацијата со оглед на околностите, но идеално време да ги наведнеме главите и да работиме напорно за да излеземе од оваа ситуација“, порача Пауновиќ.

Се вчитува...