Павлов: Мојот сон останува настап на Олимписки Игри

Репрезентацијата на Македонија во карате денеска беше примена од страна на Директорот на АМС, Дарко Каевски, по успешниот настап на Европското Првенство што минатата седмица се одржа во Гвадалахара, Шпанија. Најголемиот успех го оствари Емил Павлов, кој стигна до бронзен медал, уште еднаш потврдувајќи дека се наоѓа во одлична форма.

„Континуитетот на остварување на медали од европските првенства е мотивација плус кон остварување на мојата животна желба, а тоа е пласман на едни олимписки игри. Моето учество на европските игри во Минск ќе го трасираат мојот пат кон Токио, јас искрено се надевам дека ќе го поминам“ – изјави Павлов.

Дарко Каевски имаше пофални зборови за настапот на македонските каратисти на овој континентален собир.

Успешниот настап на нашите каратисти е уште еден доказ за нагорната линија по која оди спортот во држава, но и потврда дека каратето е спорт од кој најмногу очекуваме, и спорт кој ги подига спортските стандарди. Патеката по која се движат нашите каратисти води кон Токио, и јас искрено се надевам дека истата успешно ќе ја поминеме, со заеднички залагања“ – истакна Директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Се вчитува...