Педесет минути за Елмас, Наполи поразен од Аталанта во голеадата во Бергамо (ВИДЕО)

Елиф Елмас и неговиот Наполи забележаа пораз на гостувањето кај Аталанта од 3-2 во еден од најинтересните натпревари од 23. коло во Серија А. Првото полувреме заврши без голови, а единствена ситуација за издвојување е црвениот картон кој го доби тренерот на тимот од Бергамо, Гасперини.

Во второто полувреме почна вистинското лудило. Запата донесе водство за домаќинте во 52. минута. Шест минути подоцна гостите израмнија на 1-1 преку Зјелински. Нова предност за Аталанта донесе Госенс во 64. минута. Муриел во 71. минута зголеми на 3-1. Тимот од Неапол со автоголот на Госенс повторно дојде на еден гол негатива (3-2), а конечните 4-2 ги постави Ромеро во 79. минута. Елиф Елмас беше стартер за „наполитанците“, а Џенаро Гатузо го замени во 53. минута кога на негово место влезе Инсиње.

Аталанта се искачи на 4. позиција на табелата во калчолигата со 43 бода, додека Наполи останува седми со три помалку.

 

 

 

Се вчитува...