Педри ќе добие нов договор од Барселона – Лапорта ќе го заштити со клаузула од 400 милиони евра

Младиот фудбалер на Барселона, Педро Гонзалес Лопез или познат како Педри импресионираше во својата дебитантска сезона во дресот на Каталонците. Лапорта планира да му ја зголеми платата повеќекратно, па Барселона сака да го заштити младиот фудбалер со откупна клаузула во новиот договор од неверојатни 400 милиони евра.

Барселона го договори неговиот трансфер уште есента 2019 година, но пристигна на „Камп Ноу“ на 1 јули 2020 година. Лас Палмас доби пет милиони евра обештетување за својот голем талент.

Има само 18 години, но сезонава настапи на 30 натпревари во сите конкуренции. Брзо ги освои симпатиите на навивачите, кои сметаат дека со Ансу Фати ќе бидат иднината на клубот.

Актуелниот договор на Педри е до јуни 2022 година, но Барселона има клаузула која може да ја активира за дополнителни две сезони. Шпанските медиуми велат дека клубот ќе му понуди целосно нов договор на Шпанецот до јуни 2026 година.

Се вчитува...