Пех за Клиперси: Крис Пол во ’аут’ до осум седмици (ВИДЕО)

Лос Анџелес клиперс ја доби Оклахома на домашен терен со 120-98 за седма победа во низа, но го загуби организаторот на играта. Крис Пол, кон крајот на вториот период, при огромно водство од 16 поени (42-58), заработи повреда која по медицински испитувања се покажа како посериозна од првично предвиденото.

Во дуел со Расел Вестбрук, Пол го повреди палецот на раката и набрзо ја напушти играта. По прегледите е утврдено дека разигрувачот на Лос Анџелес клиперс има скинат лигамент поради кој ќе мора да паузира од шест до осум седмици.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/53e841e5390fcfec1de98c6bc09bf2a8.mp4″] 

Се вчитува...