МЗТ Скопје на 26 септември против Куманово ќе тргне по првиот трофеј во новата сезона, оној во Супер-купот на Македонија. Воедно, со тој дуел ќе почне и пеколниот ритам на натпревари за аеродромци, кои храбро тргнаа во предизвикот да бидат дел од три различни натпреварувања сезонава, што ќе им донесе и неверојатно згуснат распоред во наредниот период.
„Пеколен ритам – нѐ чека предизвик каков што досега не е виден во македонската кошарка! 🏀
Нашите момци привршуваат со подготовките за сезона во НБА стил. Првпат по подолго време напаѓаме на ТРИ фронта:
🌍 ФИБА Еврокуп 🌊 АБА2 лига 🇲🇰 Суперлига
📊 Што значи тоа во бројки до крајот на годината?
🔥 26 натпревари за само 3 месеци! ⏱️ По еден натпревар на секои 80 часа!
(Само ова е повеќе од вкупниот број средби што некои домашни екипи ќе ги одиграат за цела сезона)
Распоред од септември до крајот на декември:
🇪🇺 10 натпревари во ФИБА Европа
🇲🇰 11 во Суперлигата
🏀 4 во АБА2
А, првиот тест е веќе В САБОТА! 🏆 Го отвораме пеколниот циклус со битка за трофејот во Суперкупот против Куманово (18 часот) на гостински терен.
Во ваков ритам, поддршката од трибините ќе ни биде попотребна од било кога. Заедно сме најсилни! 💙🤍“, објави МЗТ Скопје.
„Металците“ првиот меч од Супер-лигата ќе го играат на 3 октомври на домашен терен против Куманово, во АБА2 ќе стартуваат со домашен меч против Слобода Ужице на 30 септември, додека првиот дуел од ФИБА Европа купот македонскиот првак ќе го игра против грчки Ираклис на 6 октомври, исто така во „Јане Сандански“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
