Под „Тумбе кафе“: Пелагониска „војна“ за опстанок!

Нема веќе можност за калкулации ниту за Пелистер ниту за Победа. Во пелагониското дерби денеска од 16 часот под „Тумбе кафе“ во Битола, Пелистер и Победа во директна битка за опстанок.

Повеќе од значајни се трите бода за двете екипи во трката за избегнување на последните две позиции на табелата. Токму поради тоа и двата табори најавуваат максимален ангажман, посебно во ситуација кога веќе и Скопје со игрите во пролетниот дел од шампионатот сериозно ја најави отворената желба за останување во елитното друштво.

По дебаклот изминатиов викенд од Шкендија, во редовите на Победа сега потенцираат дека ќе мора да демонстрираат сега многу поразличен натпревар доколку сакаат посакувана победа

„Не дека сите натпревари до крај не се важни за собирање бодови, но се чини дека овој со Пелистер е можеби најважниот. Во нозете на нашите играчи има доволно квалитет, но цела сезона им недостасува по некој момент за да се постигне целта. Овие девет кола носат девет натпревари во кои ќе мораме да освоиме барем бод повеќе од директните конкуренти за опстанок“ – велат од Победа.

ПРВА ЛИГА – 28. КОЛО (16 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (15 ч.)

Кичево: СКОПЈЕ – СИЛЕКС

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА

Турново: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ

Се вчитува...