Пелегрини е нов тренер на Бетис

Поранешниот тренер на Реал и Манчестер сити, Мануел Пелегрини е пред промоцијата на клупата на Бетис.

Чилеанецот е без работа откако во декември 2019 се раздели со Вест Хем, но сега е пред договор со шпанскиот прволигаш. Според најавите, се очекува наредниве денови и официјално да биде објавена заедничката соработка.

„Бетис и дефинитивно одлучи амбициозниот проект да му го довери на Пелегрини“ – пишува „Марка“.

Пелегрини ќе потпише двегодишен договор со Бетис. За него тоа ќе биде четврти шпански клуб во кариерата по Вилјареал, Реал Мадрид и Малага.

Се вчитува...