КК Пелистер го формира стручниот штаб за сезоната 2026/27, а клубот продолжува со стратегијата за давање шанса на млади и перспективни македонски тренери.
По назначувањето на Тане Спасев за нов тренер на сениорскиот тим, битолчани го продолжија договорот со Владимир Николовски, кој во новата сезона ќе ја има улогата на негов асистент.
Од клубот посочуваат дека со изборот на Спасев е одреден правецот во кој сакаат да се движат – да им се даде можност на млади, едуцирани и мотивирани македонски тренери да го предводат сениорскиот состав.
Николовски во изминатите неколку години беше дел од стручните штабови на повеќе тренери, а со продолжувањето на соработката ќе остане во клубот и ќе придонесе за континуитет во работата на Пелистер.
Така, Спасев и Николовски ќе го предводат стручниот штаб на Пелистер во сезоната 2026/27, во која битолскиот клуб повторно ќе има амбиции за високи пласмани на домашната и меѓународната сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
