Пелистер го претстави Анес Хот

Битолскиот прволигаш Пелистер ангажираше уште едно ново име во пресрет на враќањето во елитата. Нов член на „зелено-белите“ е српскиот интернационалец Анес Хот. Тој доаѓа од тимот на Нови Пазар. Во кариерата има настапувано и за уште неколку српски нисколигаши.

Анес Хот им се придружува на Давор Талески, Ѓорѓи Танушев, Дарко Илиески, Валентин Кочоски, Кристијан Николовски, Иван Пејаковиќ, кои исто така ова лето пристигнаа под „Тумбе кафе“.

 

 

Се вчитува...