Пелистер го претстави Нигериецот Удова Келвин Чукумва

Македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер го промовираше Нигериецот Удова Келвин Чумуква. Крилниот фудбалер беше на проба во Битола, а одлично одигра на мечот со Велешта во кој постигна два гола.

Стратегот на битолчани Марјан Секуловски бил задоволен од прикажаните партии на Нигериецот, па затоа доби договор со прволигашот. Чумуква е шесто засилување за Пелистер во зимскиот преоден рок, а претходно во таборот стигнаа и Поповски, Али, Љамчевски, Стефановски и Торневски.

Викендов почнува пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига, а прв противник за Пелистер ќе биде Работнички.

Се вчитува...