Пелистер го претстави Валентин Кочоски како ново засилување

Новиот прволигаш Пелистер продолжува со ангажман на нови фудбалери за враќање во елитата. Најнова аквизиција на битолскиот тим е Валентин Кочоски кој пред неколку дена замина од Струга Трим Лум.

Младиот Кочоски делива во средниот ред, за Струга Трим Љум одигра 18 натпревари и постигна еден гол. Во кариерата настапуваше и за Академија Пандев, Беласица, Хоризонт Турново, Шкупи.

Пелистер претходно ги доведе голманот Давор Талески, дефанзивецот Дарко Илиески, играчот за врска Ѓорѓи Танушев и црногороскиот интернационалец Иван Пејаковиќ кој настапува на крилните позиции.

Се вчитува...