Пелистер избегна сензација и во финишот го совлада МЗТ 2

Иако требаше да биде дуел во кој Пелистер лесно ќе дојде до победа, сепак во драматичен и крајно неизвесен финиш битолчани дојдоа до триумф над МЗТ 2 со 99:89.

Младите “металци” одлично се носеа со фаворитот во текот на целиот меч, но на крај потклекнаа.

Првата четвртина ја доби Пелистер со 26:22, и кога се чинеше дека ќе продолжатда ја зголемуваат разликата, младите “металци” дојдоа до егал на полувремето.

Дека Пелистер ќе треба добро да се испоти се покажа и во третиот период кога гостите имаа водство од четири разлика,но потоа пелистерци со добра серија заминаа со предност пред последниот период.

Но и во него МЗТ 2 омаше предност на стартот анулирајќи пет поени предност на противникот. Стигнаа и до израмнување гостите во финишот, но силата беше на страната на Пелистер во финишот за конечен триумф од 10 разлика.

Малешевиќ со 28 поени беше незапирлив кај домашните, а кај гостите Ренсом уфрли неверојатни 32 поени.

Се вчитува...