Пелистер како на тренинг против Кожув пред „балонот“ во АБА2

Пелистер ја продолжи перфекцијата на домашно тло и во вториот натпревар од 2022 година откако во 15. коло славеше на гостувањето кај Кожув со 67-79. Избраниците на Илиевски ја потврдија фаворитската улога уште во првите 10. минути од мечот, а продолжија во ист ритам и до крајот со што ја потврдија и одличната форма пред новиот „балон“ на АБА2 лигата.

Изедначениот натпревар траеше само во воведните четири минути за при водство на Кожув од 7-5, гостите да влезат во серија од 18-1 благодарение на која по првите десет минути имаа двоцифрена предност (15-27). Добриот ритам на Пелистер продолжи и до крајот на првото полувреме во кое предноста се искачи и до највисоките +24 (21-45), за опуштањето на крајот на истото да го искористат домаќините за ублажување на негативата (30-47).

Второто полувреме не донесе никаква промена на силите на паркетот. Пелистер одигра одлично во нападот и одбраната па од минута во минута ја зголемуваше предноста која на крајот на 30. минута изнесуваше +29 (41-70) за формални последни десет минути во кои домаќините го искористија опуштањето во редовите на гостите за ублажување на поразот.

Колев го предводеше Кожув со 20 поени и 5 скока, додека 17 поени и 4 скока додаде Штерјов. Кај гостите 20 поени постигна Кесар на кои додаде и 4 скока, со 16 поени мечот го заврши Малешевиќ, а двоцифрен беше и Младеновиќ кој на 15-те поени додаде и 4 асистенции.

 

Се вчитува...