Со вчерашниот пораз од Шкупи, екипата на Пелистер и официјално идната сезона ќе биде дел од втората лига. Битолчани заостануваат 16 бодови од Скопје, третиот од позади кој ќе игра бараж, а во игра се уште 15 бодови, со што и официјално „зелените“ веќе се второлигаши.
Пелистер е на последното место на табелата со една победа и седум нерешени средби, или вкупно 10 бодови. Скопје е на 8. место со 26. и нема никаква можност да биде стигнат од страна на битолската екипа.
Блиску до испаѓање е и тимот на Борец кој моментално има 18 бодови на табелата, или осум помалку од Скопје.
Битолските „зелени“ се чини опстанокот го испуштија уште во првиот дел од сезоната, кога беа без победа. Единствениот триумф го забележаа пред неколку кола, кога ја совладаа штипска Брегалница на свој терен. Одиграа неколку добри натпревари во вториот дел, но се чини немаа ниту мотив да бркаат опстанокот, со оглед дека тоа беше невозможна мисија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА