Пелистер ремизираше со Партизани Тирана на пријателскиот дуел во Охрид (ФОТО)

Искористувајќи ја паузата во првенството поради репрезентативните настапи, фудбалерите на Пелистер одиграа без победник (1-1) на пријателскиот натпревар со албанскиот прволигаш Партизани Тирана.

Во интересен дуел кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, фудбалерите на Партизани поведоа со голот на Соломон во 18. минута, но „пелистерци“ израмнија по само десет минути игра со погодокот на Алдаир Нето.

Се вчитува...