Пелистер и натаму е со 100% ефект во домашниот кошаркарски шампионат, откако вечерва во Битола во интересен, возбудлив натпревар, и со огромен пресврт го совлада составот на Еуро Никел од Кавадарци. со 93-84.
Неверојатно е тоа што кавадарчани имаа предност и од 17 поени во третиот период, но во последната четвртина гостинскиот состав целосно потфрли, а на сметка на тоа битолчани искористија и на крајот се радуваа на триумфот, 15-ти по ред во сезоната.
Првата четвртина ја добија гостите со осум предност, (32:24), а Пелистер никако не фаќаше ритам. Втората четвртина ја добија битолчани само со еден разлика, успевајќи да намали нешто од предноста.
Третиот период не навестуваше дека Пелистер ќе дојде до уште еден триумф, особено ако се има во предвид дека Еуро Никел поведе со +17 (48:65). Меѓутоа во финишот на третиот период целосен пад на гостите, кои пред последниот период имаа се стекнаа со предност од само четири разлика (67:71).
Пелистер брзо се врати резултатски и во водство, во првите минути од последниот период и стигна до еден разлика, а потоа почна и зголемување на разликата Одолеваше некако Еуро Никел, беше 75-75, но потоа серија од неверојатни 8:0, за предност од осум разлика. Кавадарчани се обидуваа да се спасат од „давење“, доаѓаа до пет поени предност, меѓутоа секогаш кога ќе стигнат, Пелистер враќаше уште пожестоко. Пелистерци имаа девет поени разлика, од кои немаше враќање. Еуро Никел постигна и тројка, но во финишот одново серија на битолчани за конечни 93-84. Последниот период Пелистер го доби со неверојатни 26:13.
Најефикасен во редовите на Пелистер беше Малешевиќ со 26 поени, а Кесар постигна 18. Калахан кај Еуро Никел даде 19 поени. Кесар имаше и девет скока, а Стајиќ седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА