Пелистер убедливо со 4-0 славеше против Охрид

Фудбалерите на Пелистер со убедлива победа го заокружија третиот пријателски натпревар ова лето, триумфирајќи на домашен терен против второлигашот Охрид со 4-0.

На дуелот кој се играше на „Тумбе кафе“, Пелистер беше многу подобар противник од охриѓани. До водство домашните дојдоа во 25. минута со евро-голот на Танушев, а Кочоски директно од слободен удар ја затресе и гредата од голот на охриѓани во првото полувреме.

Во вториот дел следеа уште три погодоци на „зелените“. Пејаковиќ, Стефановски и Торневски беа стрелци за конечната победа од 4-0.

На претходниот пријателски натпревар „пелистерци“ во Охрид загубија од Работнички со 0-2.

Се вчитува...