Пенал од ВАР за Реал…, Рамос повторно за триумф и во Билбао (ВИДЕО)

Реал Мадрид е на повеќе од добар пат кон титулата во Ла Лига откако во 34. коло славеше и на гостувањето против Атлетик Билбао, идентично како и на претходниот дуел со Гетафе, минимално со 0-1 со гол од пенал на Серхио Рамос.

Во мечот без многу возбудувања клучниот момент беше во 72. минута кога Марсело беше соборен во домашниот шеснаесетник. Судијата одмавна со раката, но по консултацијата со ВАР системот покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Серхио Рамос…

 

Со овие три бода Реал Мадрид се издвои со седум бода предност во однос на второпласираната Барселона која има и натпревар помалку.

Се вчитува...